| четврток, 6 декември 2018 |

Втора измама за 3 дена: Му понудил дрва, го пратил да ги види, ги наплатил од жена му и избегал

Вчера во 10,45 часот В.Б. (73) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 08.00 часот во неговиот дом од страна на непознат сторител бил измамен и му биле земени 12.000 денари.

Сторителот измамата ја направил на тој начин што дошол кај пријавителот и му понудил да му продаде огревни дрва, поточно шест кубни метри за 12.000 денари, по што сторителот на В.Б. му рекол да оди до “Стаклара“ во Кисела Вода каде наводно бил неговиот плац за да ги види дрвата. Откако пријавителот заминал во „Стаклара“, сторителот се вратил во неговиот дом, поточно кај неговата сопруга и доведувајќи ја во заблуда и земал 12.000 денари и се упатил во непознат правец.

Се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Пред само три дена, МВР  во дневниот билтен информираше за измама на ист начин во кој скопјанец беше измамен за 13 800 денари.

Скопјанец измамен: Го оставиле да чека за да види дрва за огрев, отишле кај жена му и ги наплатиле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top