| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријави за основките кои претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино кои истепаа нивна соученичка. Пријава е поднесена и против лицето вработено како обезбедување во училиштето за несовесно работење.

– Полицијата поднесе известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години, сите три од Неготино, ученички во основно училиште ‘Гоце Делчев’ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело насилство“, соопшти денеска МВР.

Инцидентот се случи на 11 април. Трите ученички физички нападнаа нивна соученичка, на возраст од 14 години, при што девојчето се здоби со повреди.

Во врска со истиот настан, поднесена е и кривична пријава против Р.А. (31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата. Тој е вработен како обезбедување во училиштето, а пријавата е поднесена затоа што, како што велат од МВР, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top