Шкендија вчера го победи Вардар на арената „Филип Втори“ и дојде само на еден чекор до титулата во македонската Прва лига, а ден по мечот во центарот на вниманието е Висар Муслиу.
Тој настапуваше во Вардар во европските квалификации и групата од Лига Европа по што премина во Шкендија. Избори место и во репрезентацијата на Македонија како играч на Вардарци. Вчера му даде гол на Вардар, а по триумфот заедно со останатите негови соиграчи во соблекувалната скандираше „Ајде Вардар пушти ми го к**от“.
Голманот на Вардар, Филип Гачевски, имаше што да му каже на Муслиу по ваквото непочитување на својот поранешен клуб.
– „висар муслиу“ Те гледам на инстаграм ставаш видео Вардар Вардар пуши ми го к… Не ти е срам, ти си еден голем срам, човек без душа, ти заборави дека Вардар те направи репрезентативец, ти кога дојде во Вардар не си постоел на мапа, срам голем за тебе е што браниш бои за репрезентација… ГОСПОД е голем и Вардар е институција – запамти Вардар е Македонија, напиша Гачевски на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст