Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, кој престојува во официјална посета на Турција, денеска во Анкара ќе се сретне со спикерот на Големото национално Собрание Исмаил Кахраман и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Џафери ќе го посети Мевзолејот на Ататурк како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.
Вчера, Џафери на аеродромот во Анкара беше пречекан од Исмаил Бурге, претседател на Интерпарламентарната група за пријателство Турција – Македонија со кого оствари протоколарна средба.
Во придружба на Џафери се и потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Турција, Енес Ибрахим и членот на Групата за соработка, Јусуф Хасани.
Турција е парламентарна демократија. Откако се формирала како република во 1923 година, развила долга традиција на секуларност. Уставот е највисок правен акт во државата и тој ги наведува основните правила на владеење на државата и нејзините органи.
Дипломатските односи меѓу Македонија и Турција се воспоставени во 1992 година кога Турција ја призна нашата земја под уставно име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст