| четврток, 6 декември 2018 |

Ирена Спировска се сретна со боговите (ФОТО)

Атрактивната водителка Ирена Спировска е страстен вљубеник во планините и во убавините на Македонија. На нејзиниот Инстаграм профил можете да ја запознаете Македонија, и тоа од високо.
Ирена го користи секој момент да патува и да ја запознава Македонија, а откриените убавини несебично го споделува со пријателите и следбениците на социјалните мрежи.

Иако е длабоко навлезена во петтата деценија од животот, младоликата Ирена се уште зрачи со енергија на девојче.
Последнат фотографија ја разбуди фантазијата на нејзините следбеници. Оние повозрасните, кои детството го минале со Македонските народни приказни велат дека фотографијата ги потсетува токму на нардните приказни – на крајот, зад облаците ќе се појави дедо Боже.
Сигурно Ирена нема да им замери, особено зашто убавините на Македонија ги спојуваат со нејзиниот богат фолклор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top