| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е луд, а кој нормален: Убеден е дека не тепал тој, туку дека таа лаже

Лука Лазукиќ, сопругот на претепаната Наташа Беквалац, денеска поднесе кривична пријава против Наташа, со која товари за лажно пријавување.

Пријавата ја поднел преку адвокат, потврдила портпаролката на Јавното обвинителство Александра Ѓенадиќ.

Тој тврди дека не ја тепал Наташа, туку дека бил жртва.

-Јас бев нападнат. Прво агресивно будење, па вербален напад. Физички ме нападна удирајќи ме по телото. А јас само ја тргнав и се обидов да разговарам со неа.

Тој дури тврди дека бил цел со модринки, но не ги покажал.

-Има кој да ги гледа. Околу 9.45 ги бакнав жената и ќерката и излегов од домаТогаш немаше повреди. Тој не негира дека е можно „Наташа сама да си нанела повреди“.

-Модринките на рацете и нозете ѝ се од антицелулитна масажа. Можно е сака да се повредила. Јас не сум виновен, а судот нека одлучи. Секако дека ќе се борам за вистината, не само за својата туку и за вистината на сите мажи кои го преживеале ова од неа. Оваа жена е подготвена на сè. Дали може самата себе да се истепа, да го направи тоа некој за неа, дали може да си нанесе повреди? Јас бев во станот кај моите родители, дојдов по детето, тука спиеше, па да одиме на салаш. Тогаш дознав се од медиумите, два дена сум во шок, вели Лазукиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top