Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по денешниот потег на Воислав Шешељ рече дека сето она што се случило е многу штетно за Србија.
-Како претседател на Србија го осудувам секој вид насилство, закана, газење, палење на хрватското знаме и кое било знаме. Тоа се работи кои не се допустливи. Никогаш нема да дозволиме некој да ги загрози нашите гости. Се поставува прашањето зошто си го дозволивме ова самите на себе? Немам одговор, изјави Вучиќ за РТС.
Тој изрази жалење што делегацијата одлучила да ја напушти Србија по провокациите.
-Го гореа знамето додека престојував во Хрватска, ме навредуваа, ме нарекуваа четник, но не заминав. Жалам за одлуката на Пленовиќ да го повлече претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јадронковиќ. Што направивме лошо, дали лошо го пречекавме Јандроковиќ? Не, додаде Вучиќ.
Тој потсети дека Шешељ правеше нереди за време на ланското обраќање на Федерика Могерини во српскиот парламент, но таа тогаш, како што рече, не само што не ја напушти Србија, туку дента не го напушти ни парламентот и говореше во невозможни услови.
Српските пратеници ѝ приредија пекол на Могерини во Собранието (Видео)
Хрватската делегација попладнево ја напушти Србија, откако лидерот на радикалната партија, Воислав Шешељ, го газеше хрватското знаме, по што ги начека претставниците на делегацијата во Собранието и им упати низа пцости. Потегот на Шешељ го осудија сите високи функционери од Србија и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст