| четврток, 6 декември 2018 |

Наркодилерите од „бентлито“ кое налета на Вучиќ: Еден изрешетан синоќа, двајца се во затвор за убиство на навивач

Лука Радуловиќ (37), познат и како возач на „бентлито” што своевремено налета на колоната возила во која се наоѓаше претседателот на Србија Александар Вучиќ, убиен е синоќа во Белград, објавија српските медиуми.

Радуловиќ бил тешко ранет во престрелката na Црногорска улица број 8, во близина на Бранков мост, а починал во болница. По напаѓачот сè уште се трага, а според некои информации, тој имал помошници, кои по престрелката се оддалечиле со коли, пишува Б92. Белградските медиуми наведуваат дека до престрелката дошло поради продажба на наркотици.

Радуловиќ беше еден од тројцата во „бентлито”, кои во септември минатата година беа уапсени поради пресекувањето на колоната на претседателот на Србија.

Случај „Бентли“: Наркодилери се обиделе да го ликвидираат Вучиќ

Набрзо по овој инцидент се уапсени и им е одреден притвор, но по 20 дена се пуштени. Против нив подоцна е покренато и обвинение.

Во меѓувреме, тие извршиле други злосторства, а по осум месеци двајцата биле во затвор за убиство, а еден бил убиен.

Танчев и Дукиќ беа уапсени на 19 декември поради сомневањата дека пред го убиле навивачот на „Рада“, Александар Савковиќ (27), пред белградскиот клуб „Нана“, а и двајцата беа регистрирани како дилери за наркотици пред случајот “бентли” и “Савковиќ”.

Ново насилство во Србија, убиен водач на навивачката група „Јунајтед форс“

Само еден месец по скандалот со Бентлиот, Лука Радуловиќ повторно беше уапсен, овој пат поради сомневањата дека продава наркотици. И тој повторно беше ослободен да се брани од слобода.

Во ноќта помеѓу вторник и среда, тој бил застрелан во Црногорска 8 под Бранков мост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top