Поранешниот премиер Никола Груевски, во чиешто време Република Македонија добиваше 8 години по ред препорака од кои 6 години без услов ја опомена СДСМ дека напразно лета во облаци и се обидува да поентира со тоа дека добиле препорака без услов.
-ВМРО-ДПМНЕ добиваше 8 години по ред препорака од кои 6 години без услов, се додека СДСМ не направи политичка криза, кога работејќи во сопствена партиска корист наштети на државните интереси, пишува Груевски на Фејсбук.
Спротивно на тоа, вели тој, условот е тргнат затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги стави државните пред партиските интереси и помогна во процесот, како што и секогаш ВМРО-ДПМНЕ правело. Државните пред партиските интереси! И како што и секогаш СДСМ правела, партиските и личните пред државните интереси.
-А колку гордо кажуваат дека со ова завршува политичката криза која впрочем тие ја направија за да дојдат на власт, завршува Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст