Противниците на членството на Хрватска во ЕУ денеска протестираа во Сплит носејќи црни знамиња, јави МИА. Протестот не бил одобрен од властите.
Организаторите истакнаа дека цел на протестот било да се покаже „неодговорноста на политичарите, распродавајќи ја татковината, како и длабоката бездна, во која Хрватска падна по влезот во ЕУ“.
Голем број хрватски граѓани денеска ставија црни знамиња на терасите во знак на протест поради членството на земјата во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.