Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов оствари средба со восиката претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија Федерика Могерини.
На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочуваат регионот и Европската унија, велат од Кабинетот на претседателот.
„Претседателот Иванов ја поздрави обновената препорака на Европската комисија за отворање на пристапни преговори со Република Македонија, истакнувајќи дека деблокирањето на интегративните процеси преку одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во Република Македонија“, стои во соопштението од Кабинетот.
Иванов и Могерини се согласиле дека доследното и заедничко придонесување во исполнувањето на реформските процеси, од страна на сите чинители во државата, ќе придонесе за европската иднина на Република Македонија.
„Претседателот Иванов порача дека позитивната препорака за отворање на пристапни преговори за Република Македонија и за Република Албанија, има охрабрувачко влијание за кредибилноста на ЕУ и перспективата на целиот регион“.
Могерини нагласила дека за прв пат овој процес на проширување се фокусира на оригиналната идеја на Европската унија – мирот.
На средбата се разговарало и за името
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст