Кога ги погледнете фотографиите на мајката на убавата Амал, ќе ви биде јасно зошто сопругата на Џорџ Клуни не излегува од дома додека не е скоцкана како што треба.
70-годишната Барија Аламудин, мајка на 40-годишната Амал, е наградувана политичка новинарка и водителка, со кариера на Блискиот исток и во Велика Британија, а моментално работи како уредничка во компанијата “Media Services Syndicate”.
Бабата на близнаците на Клуни, Ела и Александар, ја посети ќерката и зетот во Њујорк, каде парот моментално престојува, а папараците кои секое утро ја фотографираат згодната адвокатка, подготвено ја дочекаа и госпоѓата која не ги разочара со својата појава.
Барија, која освен Амал има уште една помлада ќерка Тала, во посета дојде облечена во гламурозна кежувал комбинација со исфенирана фризура и големи наочари за сонце на лицето.
Со сиви тренерки виталната Барија облекла памучна маичка, а комбинацијата ја дополнила со пончо во крем боја со крзнен раб.
На нозете облекла сиви патики со сатенски детали, а од накит избрала блескави обетки со драгоцени камења.
Секако, комбинацијата не би била целосна без чантата од крокодилска кожа во темноцрвена боја.
Барија за Вог неодамна откри дека имала исклучително тешка бременост со Амал и дека дури ја советувале да абортира. Кога и се родила првата ќерка, нејзиниот сопруг Рамзи Аламудин ја нарекол Амал, што значи – надеж.
zenskimagazin.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст