Фабриката „Кончар“ на 21 -годишен загребчанец треба да му исплати отшета од скоро 67 илјади евра бидејќи како десетмечено бебе во 1997 година се изгорел од водатата која истекла од филтерот на машината за перење алишта.
П.М.Г. како десетмесечно бебе добил изгореници на третина од телото, бил хоспитализиран и му биле извршени десетина операции.
Судот утврдил дека во упатот за користење на машината за перење алишта не било наведено предупредување дека вратичката каде што е филтерот не треба да се отвора, а во упатот за друг тип на машина за перење алишта тоа било јасно назначено.
– Тој имал изгореници на двете раце, на стомакот и на двете нозе и во првите пет недели од несреќата во болницата трипати му била направена трансплатација на кожата. Денеска не може да оди убаво, накривува, не може да трча. Изгорениците на телото го натерале да се изолира социјално, чувстува срам, има емотивни тешкотии. Поради оваа состојба нему му е потебна нега од родител, потоа масажи на оштетените делови – се наведува во образложението на пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст