| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Весна Ангелеска, член на Совет на Општина Прилеп од СДСМ

Весна Ангелеска, советничка во Советот на Општина Прилеп почина денеска на 50 годишна возраст. Ангелеска е родена во Прилеп на 05.10.1967 година. Дипломирала на Педагошки факултет 1995 година. Од 2009. таа беше магистер по Маркетинг менаџмент на Економскиот факултет во Прилеп.

Членка е на о.о. на СДСМ –Прилеп од 1993 година. Во својата кариера бележи повеќе работни позиции и звања: одделенски професор, сопственик на приватна фирма, координатор и асистент во проекти на невладини организации за заштита на човековите права, член на организацискиот одбор на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, консултант, менаџер и директор за шведската компанија „Орифлејм“.

Во чест и спомен на нејзиното дело и несебичен придонес во општество-политичкиот живот, утре во 10ч. во собраниската сала на Општина Прилеп ќе се одржи комеморативна седница, на која претставници на општествено-политичкиот живот во Прилеп ќе ѝ оддадат почит.

Посмртните останки на Ангелеска ќе бидат погребани во 15ч. на старите градски гробишта во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top