Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монстум“, беше приведен вчера откако полицијата го пронајде на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје. Неговото име беше споменато вчера од страна на таткото на Александар, едно од убиените момчиња кај Смилковското езеро, кој изјави дека Азири имал комуникација со потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта пред да се случат убиствата.
На Азири му било дозволено да ја прекине затворската казна од страна на минситерот за правда Билен Салји, кој неодамна си даде оставка, а барањето за продолжување на прекинот му било одбиено. Сепак, и покрај тоа што тој требало да се врати во затворот во Штип на 28.02. годинава, Азири тоа не го сторил.
По период од околу месец и половина, тој беше приведен дури вчера, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека неговото апсење не било задоцнето.
– Апсењето на Фејхи Азири не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено лицето, стражарно е обезбедено на Клиниката за пулмологија. Ние во истиот момент не можеме практично да ги информираме сите медиуми, после тоа ги известивме медиумите и го известивме затворот кој што распиша потерница или барање за нивно приведување. Во тој дел случајот е сосема расчистен, рече Спасовски.
Азири се барал по потерница од Казнено поправна установа „Затвор Штип“ за доиздржување казна затвор од шест години и четири месеци за сторено кривично дело „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материјали“.
Зошто не бил уапсен порано и дали полицијата била доволно ажурна во овој случај останува отоворено прашање, посебно поради фактот што негвовото апсење се случи на денот кога името на обвинетиот Азири беше споменато од страна на таткото на една од жртвите.
Директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда, Јовица Стојановиќ за „Република“ вели дека нивна обврска било единствено да информираат дека тоа лице не било вратено во затвор по дозволеното отсуство и ништо повеќе.
– Лицето за време на тоа отсуство има право да побара продолжување. Нашата обврска е таа, да соопштиме, односно да информираме дека тој не се вратил на издржување на затворската казна. Потоа постапува судот, кратко изјави Стојановиќ за „Република“.
МВР денеска во дневниот билтен објави дека Азири бил приведен вчера во 16.30 часот:
– На 17.04.2018 година во 16.30 часот од страна на полициските службеници од Единицата за Потраги при СВР Скопје во Клинички центар ‘Мајка Тереза“ на Одделот за пулмологија е пронајден и приведен Ф.А. (60) од Скопје. Лицето се бара по потерница од Казнено поправна установа „Затвор Штип“ за доиздржување казна затвор од 6 години и 4 месеци за сторено кривично дело „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материјали“ по чл.396 ст.2 в.в. со ст.1 од КЗ на РМ, стои во билтенот на МВР.
Сепак, никој не дава одговор зошто лоцирањето на Азири е со толкаво задоцнување и дали ако тој целиот тој период бил на лекување, не бил порано пронајден.
Директорот на затворот Штип за „Република“ изјави дека Азири се уште не е донесен кај нив и дека за случајот не е информиран дополнително од никој. Од медиумите вели дознал дека тој бил приведен, а најчесто, според досегашната практика, полицијата без дополнителни известувања ги враќа затворениците.
– Кај нас се уште не е донесен, претпоставувам дека го чуваат на Клиниката каде што е пронајден. Имаше распишано потерница за него, а според досегашната практика, нас во затворот не не’ известуваат пред да ги вратат затворениците, вели за „Република“ Мики Тодоров, директор на Штипскиот затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст