Фејсбук конечно одговори на претпоставките дека ќе престане да ја следи локацијата на корисниците на оваа социјална мрежа за „паметно“ да им покажува реклами, и одговорот беше негативен.
Одговорот на Фејбук беше дека нема да престанат со следење на корисниците. Наместо тоа, ќе им понуди опција „земи или остави“ на сите оние кои сакаат да бидат дел од социјалната мрежа, односно ќе им даде избор да се изјаснат дали сакаат да им биде откриена локацијата или сакаат да го напуштат Facebook.
Претходно, за време на сослушувањето на Марк Закерберг, многумина се надеваа дека новите регулации на Европската унија ќе го натераат Фејсбук да направи измени во начинот на работа на нивната платформа и дека ќе им дозволи на корисниците да одберат дали сакаат нивната локација да биде позната за да можат „паметно“ да им се сервираат реклами и огласи.
Но, бидејќи овие регулации се директно спротивни на бизнис-моделот на Facebook, компанијата ја одби ваквата можности наместо тоа донесе многу поригорозни мерки за корисниците. Со новите измени, Facebook ќе им понуди опција на корисниците дали сакаат да бидат локациски таргетирани со рекламите или сакаат да го напуштат сајтот.
Новиот европски закон, познат како GDPR, ќе стапи на сила следниот месец и тој претставува најголем чекор кон обезбедување на приватност на интернет уште од почетокот на светската мрежа.
„Фејсбук е мрежа која директно зависи од рекламите“, рече Роб Шерман, заменик-шеф на одделот за приватност на Фејсбук.
Шерман најави и дека Facebook ќе преговара со Европската унија во следниот период за да обезбеди начини за соработка помеѓу двете страни, но директно кажа дека Facebook нема да се откаже од локациското таргетирање и пласирање на реклами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст