| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија никогаш никого не израчала, нема ни Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека неговата држава „ никогаш никого не израчала , ниту има намера такво нешто да направи во иднина“, пренесуваат светските агенции.
-Путин и Обама во овој момент немаат прифатливо решение за двете страни, па им наложија на директорот на ФСБ, Александар Бортњиков и директорот на ФБИ, Роберт Милер“, изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев за телевизискиот канал „Русија 24“, пренесе РИА Новости.
Тој напомена дека нема да биде лесно американски ФБИ и руски ФСб да се договорат за иднината на Сноуден.
Путин до сега ги игнорираше апелите Сноуден да им се израча на САД, кои сакаат да му судат поради шпионажа.
-Русија никогаш никого не израчала и нема намера тоа да го стори, порача Путин на конференција за новинари во Москва, пренесе АФП.
946560714

-Доколку тој (Сноуден) сака да остане тука, постои еден услов-тој треба да прекине со својата работа, чија цел е нанесување штета на нашите американски партнери, без оглед колку ова што го говориме би можело да звучи чудно, рече Путин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top