| четврток, 6 декември 2018 |

МВР во билтенот објави дека го привела Фејзи Азири, адвокатот тврди дека не бил уапсен и нема да се врати во затвор

Насер Рауфи, адвокат на обвинетиот Фејзи Азири во случајот „Монструм“ не бил уапсен, како што беше објавено во некои медиуми, туку минатата ноќ бил само под полициски надзор на Клиниката за пулмологија во Скопје.

Азири, како еден од обвинетите во случајот Монструм, беше ослободен по одлуката на Врховниот суд, но последно и поради медицински третман.

-Друштво му прават членовите на единицата Алфа, кои се грижат за него. Тој нема да се врати во затвор, туку ќе остане да се лекува во болница, истакна за “Фокус” адвокатот Рауфи.

Тој рече дека се чека одлуката на Кривичниот суд по нивната жалба против одлуката да му се запре медицинското лекување.

„Апсењето“ на Азири во билтенот на МВР

На 17.04.2018 година во 16.30 часот од страна на полициските службеници од  Единицата за Потраги при СВР Скопје во Клинички центар ‘Мајка Тереза“ на Одделот за пулмологија е пронајден и приведен Ф.А.(60) од Скопје.

Лицето се бара по потерница од Казнено поправна установа „Затвор Штип“ за доиздржување казна затвор од 6 години и 4 месеци за сторено кривично дело  „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материјали“  по чл.396 ст.2 в.в. со ст.1 од КЗ на РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top