Објектот „Блу Скај“ на струшкиот бос Дилавер Бојку Леку изграден пред неколку години на кејот на реката Црн Дрим, повеќе го нема, јави „Радио Слободна Европа“. Специјализирана фирма која локалната самоуправа ја избра по пат на тендер ги урна монтажниот ресторан и летната тераса на горниот и долниот дел од кејот. Стружани будно ја следеа акцијата и пројавија голем интерес за уривањето на објектите на еден од најпознатите стружани во последната деценија.
Градоначалникот Зиадин Села им даде рок до 30 јуни на сите сопственици на угостителски објекти сами да ги отстранат објектите, поради што најголем дел од нив тоа и го направија. Целата акција се одвиваше под силно обезбедување на полицијата, од каде информираат дека таа поминала без проблеми, иако минатата недела градоначалникот Села во полиција пријавил дека телефонски добил закани од Леку, откако тој писмено бил известен дека сите дивоградби ќе мора да бидат отстранети.
Стружани ја поздравуваат акцијата на општината и решеноста на Села да стави крај на урбаното дивеење во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.