Македонија и Грција можно е во блиска иднина да најдат решение за спорот со името. Двете страни се посветени на овој процес, и тоа на највисоко ниво, и потребно е да постигнат договор што ќе им служи на интересите и на едната и на другата држава. Ова го порача денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање дали ЕУ има план „Б“ за Македонија и нејзината евроинтеграција доколку не се постигне решение за спорот.
– Уверен сум дека е можно да се постигне решение не само затоа што преговорите почнаа и се во тек, туку затоа што добрососедските односи се мошне важни за регионот и за ЕУ, рече Хан откако денеска претходно му го предаде Извештајот на ЕК на премиерот Зоран Заев во кој Македонија доби чиста препорака за отпочнување на преговорите.
Нагласи дека од преговарачкиот процес треба да произлезе компромис за кој секоја страна треба да даде нешто за да се постигне конечната цел и да се склучи фер договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст