Германските научници спровеле истражување за влијанието на алкохолот врз стапката на смртност кај жените. Резултатите покажале дека жените кои пијат алкохол се изложени на поголем ризик од прерана смрт во споредба со мажите.
Испитувањето траело дури 14 години и биле вклучени 4.700 испитаници на возраст од 18 до 64 години. Од нив само 149 биле алкохоличари, од кои 119 мажи и 30 жени.
Истражувањето покажало дека ризикот од смрт кај жените склони кон алкохол е дури 460% поголем од ризикот кај луѓето кои живеат нормален живот. Кај мажите склони кон алкохол, овој процент изнесува 190%.
Ова е едно од првите истражувања за алкохолизмот кое се однесува на разликите помеѓу половите, бидејќи податоците за полот се ретки, дури и во клиничките примероци.
Во текот на истражувањето постоеле две главни ограничувања. Првото е дека многу мал број од регистрираните алкохоличари биле на лечење и нема информации околу тоа како се одбирале кандидатите. Второто ограничување е тоа што истражувачите немаат докази за можните ефекти од лекувањето на алкохолизмот и за влијанието врз смртноста кај луѓето кои не биле дијагностицирани како алкохоличари.
Заклучокот од истражувањето е важен за сите жени, посебно за оние кои знаат да испијат по некоја чашка повеќе. Жените треба да бидат многу внимателни, бидејќи алкохолот им штети многу повеќе одошто на мажите. Освен тоа, главната мерка на сѐ во животот е умереноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст