| четврток, 6 декември 2018 |

Дење полицаец, ноќе крадец со фантомка

Српски полицаец со иницијали К.М. на 29 годишна возраст е упасен од своите колеги поради тешки кражби. Полицаецот од Александровац е осомничен дека извршил три разбојништва и една тешка кражба на дрзок начин. Тој кражбите ги вршел маскиран со фантомка. Се сомнева дека полицаецот оперирал од минатото лето до 7. април кога ја извршил последната кражба.

Бил заинтересиран само за пари, а цел на кражбите му биле кладилници и киосци. Крадел исклучиво ноќе. Неофицијално ограбил околу 270 000 динари ( над 2 000 евра, но сумата не е конечна.

Тој денеска бил уапсен во гратчето Брус и пред неговите колеги полицајци ги признал кражбите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top