По извештаите дека просториите на мисиите на ЕУ во Вашингтон и во Њујорк биле озвучени, Европа ги проверува сите системи.
– Во тек е сеопфатна проверка на системите за да се уништат средствата за шпионирање – изјави Мајкл Ман, портпарол на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
Германскиот неделник „Шпигел“ пишува дека американската Национална агенција за безбедност се обидела да продре во телекомуникациските системи во Брисел и дека просториите на мисиите на ЕУ во Вашингтон и во Њујорк биле озвучени.
За ова портпаролот на ЕК искоментира дека наводите на весникот се однесуваат на 2010 година, додавајќи дека амбасадите во Вашингтон и во Њујорк во меѓувреме се преселени на нови адреси и новите простории претходно биле проверени од безбедносен аспект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


