| четврток, 6 декември 2018 |

Полициско возило се судри со „Ауди“ во Аеродром: Повредени три лица, две во критична состојба (фото)

Во тешка сообраќајна несреќа која денеска се случила во скопската населба Аеродром повредени се три лица. Сообраќајката се случила во близина на Мајчин Дом.

Во сообраќајката учествувале две моторни возила, првото полициско возило од марката „Шевролет Спарк“ и второто марка „Ауди“, двете со скопски регистарски таблички.

Еден од повредените е со полесни телесни повреди, а две лица се потешки повредени. Истите се пренесени во скопскиот клинички центар и се наоѓаат во критична состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top