Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и министерот за животна средина Албена Решитај доаѓаат во посета на Македонија. Според мњедиумот на албански јазик, Лајм, министерката Решитај остварила средба со министерот за животна средина, Садула Дураку. Додека пак премиерот Рамуш Харадинај, утре ќе се сретне со неговиот македонски колега, Зоран Заев.
Неговото доаѓање ја враќа надежта кај членовите на семејствата на Кумановската група, од кои повеќето се осудени на доживотен затвор. Премиерот Харадинај им ветил на нивните семејства дека максимално ќе се ангажира, правдата да дојде на место во однос на членовите на оваа група, пишува Газета Лајм.
Доаѓањето во Скопје на Харадинај, го зголеми оптимизмот и кај одбраната на членовите на групата, кои се надеваат дека ова е сигнал дека ќе се подобри неправда што, според нив, им се направи во “монтираниот случај Диво Насеље”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст