На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се расправаше за општествено-економската стагнација низ која поминува Република Македонија под водство на неспособната влада на СДСМ, соопштуваат од партијата.
-ИК оцени дека СДСМ нема капацитет да ја води Република Македонија. Државата се соочува високо ниво на задолжување, раст на БДП од 0%, пад на градежништвото од 20% и покачени цени. Покрај декларативните заложби на власта за ЕУ и НАТО интеграција отсуствува реална посветеност на реформите. И по 11 месеци не се комплетно завршени реформите од планот 3 – 6 – 9, и пред вклучување на ВМРО-ДПМНЕ законските решенија беа со голем број недостатоци и нереформски. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа реформските закони и учествува во нивното подобрување за доброто на Република Македонија, раст и развој на државата и просперитет на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст