| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичко: Му украле 500 евра од новчаник среде бел ден, кога си ги побарал парите назад добил ќотек

Вчера околу 13,30 часот во ПС од ОН Струмица пријавено е дека во с. Добрејци-Струмичко, откако И.Ј (26) го оставил паричникот во неговиот двор во истиот момент дошол Д.М. од истото село, го зел паричникот и од него одзел 33.000 денари.

Кога И.Ј. си ги побарал парите, Д.М. го удрил со неколку тупаници и клоци во пределот на главата и телото и му се заканил дека ќе го убие, и потоа излегол од дворот. Во меѓувреме таткото на оштетениот го предупредил Д.М. да му ги врати парите на неговиот син, но Д.М. и него физички го нападнал.

Причина за нападот, според пријавеното, било тоа што Д.М. требало да плати казна по судска пресуда поради сторен прекршок поврзан со И.Ј. Увид бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top