| четврток, 6 декември 2018 |

Oдложено рочиштето за „Монструм“, обвинетиот Азири не дошол на судење

Рочиштето за случајот „Монструм“, прво откако го презеде СЈО, денеска на самиот почеток веднаш беше прекинато и одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија.

Обвинителката Фатиме Фетаи реагираше поради одложувањето на рочиштето. Според неа, несериозно е отсуството на обвинетиот да се правда само со еден документ дека е во болница. Судијата рече дека ќе побара целосна болничка документација за Азири.

Во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи првото рочиште против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година, откако предметот го презеде СЈО.

Во судот денеска дојдоа обвинителите Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски, како и сите обвинети, освен хоспитализираниот Азири и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни за судот. Присутни се и родителите на убиените деца кај Смилковското езеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top