| четврток, 6 декември 2018 |

Воздушни напади над Хомс: Сириските сили собориле ракети лансирани кон воена база?

Сириските воздушни сили одговориле на воздушен напад над Хомс, открија сириските државни медиуми утринава.

Како што пренесуваат сириските медиуми, тамошните воени сили одговориле на воздушен напад над Хомс кој што имал за цел да ја погоди воздушната база на сириската армија „Шајрат“, соопшти сириската државна телевизија.

Како што откриваат сириските државни медиуми, засега не е познато кој ги лансирал ракетите кон воздушната база.

На прашањето околу информациите за ракетниот напад на воздухопловната база „Шајрат“ која што е сместена во сириската провинција Хомс, од американски Пентагон се огласија и демантираа дека зад нападите стојат американските воздушни сили.

„Немаше никакви воени активности на Соединетите Американски Држави во таа област и во тоа време“, пренесе британски „Ројтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top