| четврток, 6 декември 2018 |

Очекувајте сообраќаен метеж во Скопје: Од денеска до четврток ќе бидат затворени овие улици

По повод претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан што на 18 и 19 април (среда и четврток) ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена (сала „Борис Трајковски“), во текот на утрешниот ден, 17 април, од 15 часот, како и наредните два дена, односно до 15:30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие бјекти.

Имено, со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот „Александар Палас“).

Исто така, како што соопшти МВР, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до скопскиот аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top