| четврток, 6 декември 2018 |

Збесна среде емисија: Метерологот стана хит на социјалните мрежи (видео)

Гери Френк е метеоролог кој за американската телевизија, „Фокс 17“ прави извештај за временската прогноза.

Неговите колеги водители од истата телевизија, како и бројни граѓани на Мичиген кои никако не можат да го дочекаат топлото време, негодуваа која овој метеоролог им соопшти дека ги очекува уште една студена недела, со температури под просекот за оваа доба на годината.

Видно изнервиран поради тоа, Френк, пред неколку дена наместо да претстави временска прогноза, на програмот во живо, почна да приговара на своите колеги и да зборува дека не треба нему луѓето да му приговараат што времето е лошо.

„Вие ме излудувате. Секојпат кога претставува седмодневна прогноза, бие негодувате и произведувате звуци, без оглед на тоа кога се појавувам. Би сакал да ми кажете „Ова се одлични вести“. Што сакате, да лажам?“, жестоко на програмата се обрати метеорологот.

И додека неговите колеги во позадина се смееја, настапот на Гери за кратко време стана хит на интернер и социјалните мрежи.

извор: .koktel.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top