Откако во саботата и вчера неколку илјади демонстранти извикуваа антиамерикански пароли и го запалија знамето на САД, денеска се обидоа да го урнат споменикот на Американскиот претседател Хари Труман.
Неколку најупорни со рачен алат ги отсекоа стопалата на статуата на поранешниот претседател на САД , а потоа го врзаа со јажиња и се обидоа да ја урнат статуата.
Две лица се приведени , а едно било повредено во судирот со полицијата,јавуваат грчките медиуми. Протестите во знак на поддршка на Сирија и против САД ги организира Комунистичката партија на Грција.
Најбројни биле студентите и учениците , кои марширале кон Американската амбасада , во чија близина е поставен споменикот на Труман. Овој споменик бил поставен во 1963 година , а во текот на 80 – тите години од минатиот век на два пати имало обид за негово уривање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.