На 15.04.2018 година околу 18.30 часот на ул. „Борис Сарафов” во Скопје, патничко возило „Опел Астра” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (46) од Скопје удрило во 10-годишно момче.
По ударот детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


