На поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, продолжен му е притворот за уште 30 дена.
Притворот е продолжен по предлог на Обвинителството за организиран криминал по истекот на првичните 30 дена притвор.
Мерки на претпазливост беа изречени за Волфганг Гампер, сопственик и управител на компанијата „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО
Адвокатот Јанаќиевиќ, кој официјално се уште нема добиено информација за продолжување на мерката притвор. За „Курир“ вели дека ќе биде поднесена жалба за неосновано држење во притвор на неговиот клиент.
-Ова е апсурдна ситуација. Му се продолжува притворот поради можност за бегство на македонски државјанин со позната адреса, фамилија, болна и оперирана сопруга, ќерка која сега му го роди првото внуче. Тој нема роднини во странство и секогаш соработувал, исказот го даде три месеци пред да биде лишен од слобода. Тогаш не се дал во бегство, па камоли сега. Од друга страна, на странски државјанин, му се одзема само патната исправа како доказ дека нема да избега. Ова е раритет и реткост во судската пракса, истакнува адвокатот на Доневски.
Вториот основ за изрекување на мерка притвор е можност за влијание врз сведоци.
Јанаќевиќ вели дека тендерот е веќе спроведен, за што има материјални докази кои не можат да се променат ниту пак да се влијае некому.
Адвокатот на Доневски објаснува дека неговиот клиент никако не може да влијае на сведоците бидејќи материјалните докази на кои се основа случајот се обезбедени и органите на прогонот ја имаат целосната документација за случајот за кој се сомничи Доневски.
На сите овие околности, ќе укажат во жалбата до Апелација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст