| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец измамен: Го оставиле да чека за да види дрва за огрев, отишле кај жена му и ги наплатиле

Во текот на вчерашниот ден, Т.Г. (69) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.10 часот на бул. „Борис Трајковски” во Скопје од страна на непознат сторител му била извршена измама.

Сторителот влегол во неговиот двор и го прашал дали му требаат дрва. Откако се договориле за цената, отишле кај фабрика “Хемтекс” со цел оштетениот да ги види дрвата. За кратко се разделиле, Т.Г. останал да чека. За тоа време сторителот отишло кај неговата сопруга и и побарал 13.800 денари за дрвата, со изговор дека го пратил нејзиниот сопруг, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top