Хитлер Здравески од прилепското село Лопатица го делел името со германскиот нацистички лидер, но не и карактерот. Пелагонискиот Хитлер бил роден во 1940 година во Лопатица. Дошол на свет во времето кога германскиот фирер доживувал големи воени успеси освојувајќи голем дел од Европа, па кумовите одлучиле да го крстат по него.
Се работело за суеверие кое постоело низ пелагониските села, дека ако на бебето му се стави име на некоја голема личност и тоа ќе биде успешно во животот. Кумовите на малиот Хитлер Здравески не можеле да претпостават дека му дале име на најозлогласената личност во историјата.
Хитлер името го носел дури до војска, кога под притисок на ЈНА морал да се прекрсти. За случајот дознал дури и маршалот Тито.
– Отиде војска во Србија. Ќе му испратевме писмото, тие не му го даваа. Му велеле: ‘Писмо имаш од дома, но не ти го даваме’. ‘Зошто’, ќе прашал. ‘Поради името, не ти го даваме дури не го смениш’, му велеле. Пишал дури и жалба до Тито. Маршалот одговорил: ‘Немојте да го гоните човекот, не е кабает, имете му го ставил кумот’. Но, војниците го задевале и сам се преименувал во Кирил, раскажала Лоза Здравеска, сопругата на Хитлер од Лопатица.
(извор – Сдк.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст