| четврток, 6 декември 2018 |

Милан го запре Наполи, Јувентус на чекор до ново Скудето

Фудблерите на Јувентус го искористија киксот на Наполи и со убедливата победа над Сампдорија 3-0 направија голем чекор кон одбрана на титулата. Претходно, Наполи во Милано одигра 0-0 со Милан.

Јувентус успеа да се конолидира по контроверзната елиминација од Лигата на шампионите и да одигра речиси префектен натпревар во првенството. Сампдорија со овој пораз дополнително се оддалечи од местата што водат во Лига Европа.

Јувентус до победата над екипата од Џенова го предводеше Бразилецот Даглас Коста со три асистенции.
Бразилскиот репрезентативец најпрвин му асистираше на Манџукич, а потоа на Хеведес и Кедира.

Јувентус по 32. кола има 84 бода, шест повеќе од Наполи. Во среда Јувентус му гостува на Кротоне, а Наполи игра против Удинезе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top