Се уште актуелниот француски фудбалски шампион Монако, објави дека ќе им ги надомести сите финансиски трошоци на своите навивачи, кои допатувале на синоќашниот натпревар од 33. коло од Лига 1 против ПСЖ.
Монако синоќа во Париз загуби со убедливи 7-1, а срамниот пораз е причината клубот од Кнежеството да преземе таков чекор како чин на извинување до своите фанови.
Условите за враќање на средствата ќе бидат дополнително објавени. Со победата над Монако, ПСЖ и официјално ја обезбеди титулата во Франција за оваа сезона, бидејќи на пет кола до крајот има недостижна предност од 17 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст