| четврток, 6 декември 2018 |

42 години била во врска со милионер: Се шоркирала кога следело читање на тестаментот

Џоан Томпсон (79) од Велс останала во шок кога слушнала, мажот со кого била во врска, на кого го оставил целиот свој имот.

После смртта на Винфорд Хоџа, кој починал на 94 годишна возраст, Џоан се надевала дека на нејзе ќе и припадне дел од 1,5 милиони фунти вреден имот, со оглед на тоа што со него поминала половина од својот живот. Вистински шок доживеала кога на читањето на тестаменото, слушнала дека целото свое богатство го остава на парот кој живеел на нивниот имот бидејќи “во последните неколку години од неговиот живот тие биле добри кон него”, пишува Daily Mail.

Старецот во тестаментото напишал дека неговата партнерка “финансиски е обезбедена” и дека целиот живот водела сопствени финансии, па не и се потребни пари. Меѓутоа, нејзината заштеда изнесува 2.500 фунти, а тие не и се доволни за живот. Неправдата ја поправил судијата Милвин Жарман кој заклучил дека Хоџ погрешил и на Џоан и доделил куќа вредна 225 илјади фунти и 190 илјади фунти со кои ќе може да ја реновира куќата која ја добила, но да може достоинствено да живее до крајот на животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top