| четврток, 6 декември 2018 |

Не вели никогаш мисијата е завршена: Трамп по Сирија како Буш по Ирак

Американскиот претседател Доналд Трамп по нападот во Сирија го употреби истиот слоган како и поранешниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот по операцијата во Ирак, објави АП.

„Во 2003 година Буш говореше под слоганот ‘Мисијата е остварена’ кога се качи на носач на авиони во Калифорнија за да прогласи дека главните борбени операции во Ирак се завршени, само шест дена по инвазијата“, вели АП.

Буш беше остро критикуван поради оваа изјава, бидејќи војната потраја многу години, потсетува американската агенција.

Трамп денеска на својот твитер профил напиша дека нападот врз Сирија е „совршено изведен“ и дека „мисијата е остварена“.

„Совршено спроведен напад синоќа. Благодарност до Франција и Обединетото Кралство за нивната мудрост и силата на нивните фини војски. Не можеше да има подобар резултат. Мисијата е остварена!“, напиша Трамп на Твитер.

„Толку сум горд со нашата одлична војска, која наскоро, по трошењето на милијардите целосно одобрени долари, ќе биде најфината војска што нашата земја досега ја имала. Нема да има ништо, и никој, ни одблиску како неа!“, додаде Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top