| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца длабоко потресена од насилството врз Наташа: Монструозно!

На листата колешки кои ѝ дадоа поддршка на Наташа Беквалац е и Цеца, која е силно потресена од она што ѝ се случило на Новосадската барбика.
Цеца го карактеризира овој чин како монструозен.


Таа вели дека ѝ е многу жал заради она што го претрпела Наташа. Со фотографија од текстот на Блиц во кој се откриваат деталите од теророт што се случувал ноќеска во домот на Беквалац, Цеца напишала: „Монструозно! Многу, многу ми е жал… Стоп за насилството врз жените, врз послабите. Стоп за сите форми на насилство!“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top