Русија свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија во саботата во Сирија, нарекувајќи го нападот „бесрамно непочитување на меѓународното право“.
Со дејствување без мандат од Советот за безбедност на ОН, САД и нивните сојузници ги прекршија нормите и принципите на меѓународното право и го поткопуваа авторитетот на Советот за безбедност на ОН, рече рускиот претставник во ОН, Василиј Небензиа, нарекувајќи ги нападите против Сирија „агресија против суверена држава“.
Во рускиот предлог се повикуваат САД и нивните сојузници „веднаш и без одлагање да ја прекинат агресијата врз Сириската Арапска Република“ и да се воздржат од понатамошни агресивни дејства во прекршувањето на меѓународното право и повелбата на ОН“.
Во документот се истакнува дека нападите „се случија во моментот кога тимот на мисијата за утврдување факти за забраната за хемиско оружје тукушто почнал да работи, да собира докази за наводна употреба на хемиско оружје во Дума“. Во него се повикува да им се обезбедат сите потребни услови за експертите на ОПХЗ правилно да ја завршат својата работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст