| четврток, 6 декември 2018 |

Русија во Советот за безбедност: Сакате да ја вратите Сирија во камено доба?

Советот за безбедност на Обединетите нации по барање на Русија, во моментов расправа за ситуацијата во Сирија по воздушниот напад од страна на САД, Велика Британија и Франција.

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја истакна дека научните лаборатории врз кои е извршен нападот служеле за подобрување на економијата во земјата, а не за производство на хемиско оружје.

-Зарем сакате да ја вратите Сирија во камено доба? Пред нападите, Сирија важеше за една од најразвиените земји на Блискиот Исток, нагласи рускиот амбасадор.

Освен тоа, тој наведе дека САД ја влошуваат дополнително катастрофалната ситуација во Сирија, кршејќи го системот на меѓународното право, како што било случај во поранешната Југославија, Либија и Ирак.

Генералниот секретар на НАТО при ОН, Антонио Гутереш рече дека тврдењата за хемиски напад во Сирија треба да ги испита тим од стручни лица во Организацијата за хемиско оружје, чијшто тим се наоѓа на теренот.

Москва предложи нацрт-резолуција, во која Ројтерс имаше увид, а каде се осудува „агресијата на САД и нејзините сојузници на Сирија и кршење на меѓународното право од повелбите на Обединетите Нации“.

За усвојување на резолуцијата потребни се најмалку девет гласови, како и ниту една од петте постојани членки на телото – Русија, Кина, Франција, Британија и САД да не стават вето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top