Американската амбасадорка во Обединетите Нации, Ники Хејли на денешната седница на Советот за безбедност истакна дека во нападите на САД и сојузниците бил уништен погон за производство на хемиско оружје.
„САД е убеден дека сириската програма за хемиско оружје е онеспособена. Сирискиот режим не присили на делување поради користењето на хемиско оружје“, рече Хејли.
Таа додаде дека фотографиите од мртви деца не се лажни вести и тоа покажува колку сирискиот режим е варварски и нехуман.
Синоќа САД, Велика Британија и Франција изведоа воздушни напади во Сирија, како реакција на наводната употреба на хемиско оружје од страна на владините сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


