| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Нападот на Сирија болно потсетување на нападот на Србија

Атмосферата ширум светот по нападите на САД, Велика Британија и Франција во Сирија потсетува на ситуацијата пред Првата светска војна, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за националната телевизија РТС, цитиран од ТАСС.

„Ние сме немале таква атмосфера од Втората светска војна, иако мене ме потсетува многу повеќе на атмосферата пред Првата светска војна.
Не велам дека ќе се случи такво нешто, бидејќи интересите и деструктивната моќ на сите страни се ужасно големи“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека за Србија важно е да си извлече поука, за да ја гарантира безбедноста на своите граѓани и да работи секојдневно на тоа.

Руската агенција забележува дека изјавите на Вучиќ биле премногу претпазливи, а претседателот внимателно ги избирал неговите зборови.

Одговарајќи на прашање, Вучиќ се пожали дека не бил политиколог за да може слободно да каже „кои земји извлекле максимум од ситуацијата“ и истакнаа дека „како претседател не може да зборува за тоа“.

„Ние сме мала земја, не треба да се мешаме во игрите на големите сили, мора да разговараме и да имаме партнерски и пријателски однос со сите“, рече Вучиќ.

Во истото интервју, српскиот претседател рече дека ударите на САД, Велика Британија и Франција во Сирија потсетуваат на бомбардирањето на Југославија.

„За сите нас – оние кои имаат над 18-19 години, ова болно нè потсетува на периодот што го поминавме“, додаде српскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top