| четврток, 6 декември 2018 |

Свекорот го крие насилникот (ФОТО)

Српските медиуми денеска се преплавени со веста за претепувањето на Наташа Беквалац. Како што објавуваат порталите во Србија, сопругот Лука Лазукиќ, ја претепал Наташа и таа моментно е во болница.

Таткото на Лука, Радомир, за наводното претепување има свој коментар.

– Од медиумите разбрав дека Лука ја претепал Наташа. Еве ги двајцата, овде, пијат кафе, заедно со детето. Тоа е се што може да кажам – изјави свекорот на Наташа, која се наоѓа во Ургентниот центар во Белград.
Репортерот на Блиц веднаш по разговорот заминал пред домот на свекорот на Наташа, а таму пред влезот го затекнал паркирано возилото на Наташа, за кое се знае дека обично го вози Лука. И навистина – можеби пиеле кафе, но сигурно не заедно со Наташа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top