САД, поддржани од Франција и Обединетото Кралство, утрово лансираа ракети кон неколку локации во Сирија. Кратко по нападот, францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан, тоа го нарече „легитимно, пропорционално и насочено“. Тој потоа ја обвини сириската влада за употреба на хемиско оружје, што претставува закана за меѓународната безбедност.
Претходно францускиот претседател Емануел Макрон тврдеше дека Париз има докази дека Сирија сè уште поседува хемиско оружје.
Велика Британија исто така ја пофали акцијата. „Ја поздравувам веста за британските воени напади против големите објекти за хемиско оружје во Сирија, заедно со нашите американски и француски сојузници. Светот е обединет во згрозеноста кон каква било употреба на хемиско оружје, но особено против цивилите“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи, Борис Џонсон.
Welcome the news of UK military strikes against major chemical weapons facilities in Syria alongside our US and French allies. The world is united in its disgust for any use of chemical weapons, but especially against civilians
— Boris Johnson (@BorisJohnson) April 14, 2018
НАТО-сојузникот Турција, која спроведува сопствена воена операција против курдските милиции во северна Сирија, исто така го поздрави нападот.
„Ја поздравуваме оваа операција, која ја олесни совеста на човештвото по нападот во Дума, за кој постојат големи сомнежи дека е извршен од страна на режимот“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Министерството за надворешни работи рече и дека турската воздухопловна база „Инџирлик“ не била користена од ниту еден од нивните партнери за почнување на нападите.
И претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, го одобри нападот. „Сирискиот режим заедно со Русија и Иран не може да продолжи со оваа човечка трагедија, барем не неказнето“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека „ЕУ ќе застане до своите сојузници на страната на правдата“.
Strikes by US, France and UK make it clear that Syrian regime together with Russia & Iran cannot continue this human tragedy, at least not without cost. The EU will stand with our allies on the side of justice.
— Donald Tusk (@eucopresident) April 14, 2018
Претседателот на Европската комисија, пак, Жан-Клод Јункер, денеска порача дека Европската унија ја поддржува борбата на сојузниците против силите на сирискиот режим и ја повика сириската влада да престане да користи хемиско оружје.
The use of chemical weapons is unacceptable in any circumstances and must be condemned in the strongest terms. The international community has the responsibility to identify and hold accountable those responsible of any attack with chemical weapons. #Syria pic.twitter.com/beF6IEirEP
— Jean-Claude Juncker (@JunckerEU) April 14, 2018
„Ова не е првпат сирискиот режим да користи хемиско оружје против цивили, но мора да биде последен“, рече Јункер во изјавата.
И Канада го поддржа нападот против Сирија, рече премиерот на оваа земја, Џастин Трудо, додавајќи дека „одговорните за напад со хемиско оружје мора да бидат изведени пред лицето на правдата“.
Canada supports the decision by the United States, the United Kingdom and France to take action against the Assad regime’s ability to launch chemical weapons attacks. Statement: https://t.co/P5jkVJPriv
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) April 14, 2018
„Канада на најсилен можен начин ја осудува употребата на хемиско оружје во нападот минатата недела на источна Гута“, се вели во соопштението на Трудо. „Канада ја поддржува одлуката на САД, Велика Британија и Франција да преземат акција за да се намали можноста режимот на Асад да го напаѓа сопствениот народ со хемиско оружје.“
И Израел денеска ги оправда американските, француските и британските напади во Сирија, велејќи дека режимот на земјата продолжува со своите „убиствени дејства“, рече анонимен израелски функционер.
„Минатата година претседателот Доналд Трамп изјави дека користењето хемиско оружје е преминување на црвената линија. Синоќа САД, Франција и Велика Британија дејствуваа како последица на тоа. Сирија продолжува со своите убиствени постапки“, додаде израелскиот официјален претставник.
Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека нападите што ги извршија САД, Франција и Велика Британија против владата на претседателот Башар ал-Асад ја покажале „меѓународна осуда на употребата на хемиско оружје и ја предупредија сириската влада веќе да не го користи.“
Сојузниците „ја презедоа одговорноста во рамките на своите улоги на постојани членки на Советот за безбедност на ОН“, додаде таа.
Меркел во четвртокот објави дека Германија нема да учествува во таквите акции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст