САД и нивните сојузници извршија воен напад врз Сирија точно во момент кога земјата доби шанса за мирна иднина, оцени портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Според неа, оние што стојат зад нападите сметаат дека имаат ексклузивно право на морално лидерство во светот.
Захарова оцени дека Сирија, која со години се спротивставувала на „терористичката агресија“, е нападната во момент кога имала шанса за „мирна иднина“.
– Белата куќа вели дека нејзината убеденост за извршен хемиски напад од страна на Дамаск се базира на извештаите од медиумите, сознанијата за симптомите, снимките и фотографиите, како и на кредибилни информации. По ова, американските и другите западни медиуми треба да бидат свесни за својата одговорност за тоа што се случи, наведува Захарова во објава на својот профил на Фејсбук.
Захарова денешните напади врз Сирија ги поистовети со почетокот на операцијата на западните сојузници во Ирак во 2003 година, која, како што невдува, се базираше на тврдењата дека Багдад поседува оружје за масовно уништување.
– Пред 15 години Белата куќа искористи една епрувета и својот државен секретар, а сега наместо епрувета Вашингтон ги користи медиумите, доадва Захарова во објавата.
Нападите ги осуди и рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, оценувајќи дека тие „нема да останат без последици“.
– Целата одговорност за нападите е на Вашингтон, Лондон и Париз. САД го поседуваат најголемиот арсенал на хемиско оружје и немаат никакво морално право да обвинуваат други земји, додаде Антонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.