| четврток, 6 декември 2018 |

Сиријската војска по нападите: Нема загинати!

Во ракетните напади кои се случија рано утринава во кои САД, Британија и Франција ја нападнаа Сирија никој не загина, соопшти сиријската војска.

– Има само материјална штета на сиријската територија – се наведува во соопштението.

Во исто време ТАС С јавува дека руската амбасада во Дамаск денеска работи вообичаено и нема информации дека меѓу повредените има Руси.

Како што јавија странските медиуми, во нападите се ранети тројца.

Руското министерство за одбрана соопшти дека Сирија била нападната со повеќе од 100 ракети, а сиријските противвоздушни системи голем број од тие ракети и ракети од типот воздух- земја ги собориле додека се приближувале кон целта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top