| четврток, 6 декември 2018 |

Медицинските сестри одбиле милостина од државата

Советот на Синдикатот на скопските клиники одлучил да не ја прифати понудата на Министерството за здравство за минимално зголемување на ноќниот труд на медицинските сестри, транспортери и болничари, објави НОВА повикувајќи се на свои извори на клиниките.

Советот како највисоко тело на Синдикатот бил свикан итно, доцна попладне, по преговорите кои биле водени со заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски и Миле Сугаревски, советник на директорот на ФЗОМ.

Средно медицинскиот персонал, остро се спротиставил на одлуката ноќната смена да се зголеми за само 80 денари, колку што било понудено и не дозволиле Синдикатот да го потпише Анекс договорот за ноќните дежурства. Како што објавува НОВА, информацијата ја потврдил претседателот на Синдикатот, Горан Беговиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top